27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.06.2017

Дневен хороскоп 16.06.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Бидете поодлучни и дејствувајте веднаш. Нема да ви биде лесно да си одделите енергија за проблемите на другите луѓе, но ќе бидете принудени да го направите тоа. Сочувствувајте со ваш колега или пријател и дајте му пријателски совет.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Најдобро е да стоите блиску до стабилни личности кои избегнуваат игри и за кои знаете дека немаат скриени намери. Не останувајте зачудени ако луѓето се однесуваат необично. Тие ќе направат се за да се истакнат и да застанат во центарот на вниманието.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се повлекувате во сопствениот свет, го прикривате незадоволството, внимавајте да не бидете повредени. Уживајте во тоа што ви се нуди, не се оптоварувајте со хипотетички прашања. Обрнете внимание на вашите соработници, тие ви сугериираат нешто што за вас е доста корисно.

 

Рак (22.06 – 22.07)

На работното место се оди како што сте замислиле. Бидете посериозни и ќе успеете да ги реализирате плановите. Однесувањето на партнерот ќе ве поттикне на вербални пресметки. Обидете се да сфатите дека не можете сами да одлучувате за се, потребно е да го вклучите и партнерот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Понекогаш треба да делувате брзо и одлучно без премногу тактизирање. Со саканата личност уживајте во работите кои ви се заеднички. Потпрете се на интуицијата. Внимавајте на однесувањето со колегите.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Извесна е некоја материјална добивка. Очекувајте и понуда за добра заработувачка која е пожелно да ја прифатите. Некои ќе бидат изненадени од некој луксузен подарок. Патувањата ве прават среќни особено ако се збогатени со интересно друштво.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Неколку обврски нема да ви дозволат релаксирано да ja завршите неделата, но затоа пак ќе надоместите со опуштена вечер во која вашите желби ќе бидат на прво место. Ќе мора да ги отфрлите туѓите желби и да се концентрирате на остварување на вашите.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Околностите се погодни за зближување со лице што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конкуренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето заклучоци држете се до фактите.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во текот на денешниот ден ќе размислувате за некои планови и одлуки кои ќе сакате да ги реализирате во иднина. Потрудете се да соберете што можете повеќе совети од блиските лица. Ќе добиете повик кој ќе ја поттикне вашата загриженост дека нештата нема да се одвиваат онака како што сакате.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

И покрај малите недоразбирања со некој од вашите пријатели, расположението ќе ви биде на ниво. На љубовно поле ве очекува мала промена, а тоа најверојатно ќе се случи во текот на вечерните часови. Препуштете се на спонтаноста и дозволете чувствата да ве водат.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Би можела да ве налути себичноста на партнерот или неговите егоистични постапки. Разговарајте за тоа. Околностите ви се наклонети за работа. Можни се добивки и награди. Внимавајте на здравствената состојба. Пробајте си ја среќата во игрите на среќа.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Доволно сте разумни за да ги одбраните своите ставови. Не преземајте ризици за да немате финансиски проблеми. Бидете искрени кон саканите. Понекогаш треба да го смените начинот на перцепција за да се заштитите. Добро ќе ви дојде психофизичка релаксација. Некој Бик ви нуди помош за совладување на препреките, прифатете ја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП