26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin го покажа првиот модел од новиот бренд

Aston Martin го покажа првиот модел од новиот бренд

На автосамот во Женева во март компанијата „Aston Martin“ најави создавање на нов бренд под кој ќе нудат специјални верзии на своите модели – „AMR“. Првиот автомобил од него веќе е подготвен и тоа е „Vantage AMR“.

Под хаубата на спортскиот автомобил се нудат два вида мотори – 32-вентилски V8 со зафатнина 4,7 литри, кој развива 436 КС, и 48-вентилски V12 со зафатнина од 5,9 литри и моќност од 603 КС. Освен тоа клиентите ќе можат да избираат меѓу купе и роудстер, како и помеѓу 2 вида менувачи – секвенцијален и автоматски со 6 степени (за V8 моторот), и автоматски со 7 брзини (за V12).

За „Vantage AMR“ се предвидени вкупно 5 бои на каросеријата – зелена лимон, сива графит, сина, црна и бела боја. Во зависност од видот на каросеријата, на капакот, покривот и багажникот може да поминуваат констрастни ленти, даваат повеќе спортски изглед на автомобилот. Во нивната боја ќе бидат и сопирачките механизми „Brembo“.

Во кабината на спортскиот автомобил дизајнерите на „Aston Martin“ се обложуваат само на квалитетни и многу скапи материјали – алкантара, природна кожа и карбон елементи.

Верзијата на „Vantage AMR“ со V8 мотор забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,8 секунди, а максималната брзина е 305 км/ч. Со V12 под капакот возилото крева 100 км/ч од место за 3,7 секунди и развива до 330 км/ч. Ова се резултатите на купе верзијата, се очекува роудстерот да биде малку побавен.

Новиот модел на Британците ќе излезе во ограничен тираж од 300 примероци, а датумот на почетокот на продажбата се уште не е познат. Цените ќе бидат соопштени само на потенцијалните клиенти по барање од нивна страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП