26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИ Пишчек си заминува од Борусија

И Пишчек си заминува од Борусија

Germany Soccer Champions League

Продолжува егзодусот со фудблерите на Борусија Дортмунд. Според англиските медиуми десниот бек на „милионерите“ Лукаш Пишчек во летниот преоден рок би можел да се пресели во редовите на Арсенал.

По Гетце кој потпиша за Баерн, а и Левандовски и Гундоган кои се на излезната врата на „Сигнал Идуна Парк“, Пишчек би бил четвртото звучно име кое ќе го напушти тимот на Јирген Клоп.

Полскиот репрезентативец игра одлична сезона, а особено се докажа во полуфиналниот двомеч од Лигата на Шампионите против Реал Мадрид, кога одлично му парираше на Кристијано Роналдо.

Управата на Арсенал во Пишчек гледа одлична замена за Бакари Сања доколку Французинот не го продолжи договорот кој му истекува следната година. Сања преговара со челниците на клубот веќе подолго време, но преговорите стагнираа откако ПСЖ покажа интерес за репрезентативецот на Франција.

Пишчек во Борусија пристигна во 2010-та година од Херта, а за „милионерите“ одигра 92 средби во Бундеслигата и постигна шест голови. За репрезентацијата на Полска настапи 34 пати и беше стрелец на два погодоци.

Доколку не го доведат 27-годишниот Пишчек, вториот избор на „топџиите“ е десниот бек на Феенорд, Дарил Јанмат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП