26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ10-те најдобри автомобили за поседување

10-те најдобри автомобили за поседување

Секој може да мечтае по „Ferrari“ или „Rolls Royce“. Но кои се најдобрите автомобили за поседување во нормалниот живот?

Најразлични листи се обидуваат да одговорат на ова прашање, а најчесто во основа се користат податоците за сигурноста на моделите. Британското издание „Auto Express“ се обидува да примени малку комплексен приод – во неговата традиционална анкета „Driver Power“ се оптфатени како сигурноста, така и динамичките индикатори, потрошувачката, практичноста, технологијата. Во оваа година тоа дало малку неочекувани резултати.

Сепак е добро да имате предвид две работи: прво, како целина сопствениците имаат тенденција да ги сакаат своите автомобили, бидејќи спротивното би значело дека признаат дека направиле грешка при изборот. И второ, индикатори како квалитет на услугата и цена на одржување се валидни за Велика Британија.

Десетте најдобри автомобилот за поседување според „Driver Power 2017“:

10. Subaru Forester – 92.15%

Единствената слабост на јапонскиот 4х4 се лакомите мотори и високите трошоци за одржување. Инаку клиентите се задоволни од удобноста, безбедноста и директното управување.

Процент пријавени проблеми: 20.4%, најчесто со електричниот систем.

9. Volvo XC60 – 92.17%

Станува збор за постарата генерација што покрај возраста се уште има се допаѓа на купувачите, како на изглед и на квалитетот на склопови (по последната точка „Volvo“ ја добива највисока просечна оценка). Сопствениците сепак се жалат на високите трошоци.

Пријавени проблеми: 6%, главно електрични.

8. Lexus CT – 92.42%

Малата решетката е главна поплака тука. Но пак рекордно малиот број пријавени проблеми – само 2% – очигледно го компензира тоа.

Пријавени проблеми: 2%.

7. Seat Leon – 92.80%

Високи оценки за удобност на предните седишта, а исто така и за динамичните и економични бензински и турбодизел мотори. Поцврстата суспензија ги носи ретките минуси.

Пријавени проблеми: 8.6%, најчесто електрични.

6. Suzuki Vitara – 93.01%

Трансформацијата на „Vitara“ од беспомошен „офроуд“ во удобна семејна кола очигледно им се допаѓа на клиентите, бидејќи новата генерација добива висока оценка за дизајнот, возењето, безбедност и евтината поддршка.

Пријавени проблеми: 13,8%, најчесто електрични.

5. Kia Cee’d – 93.03%

Изненадувачки корејскиот хечбек надмина етаблирани имиња како „VW Golf“, „Opel Astra“ и „Ford Focus“. Силните адути според клиентите се дизајнот, квалитетот на ентериерот и удобните седишта. Слабост е практичност, особено при превоз на деца.

Пријавени проблеми: 7.3%, најчесто со седиштата.

4. Toyota RAV4 – 93.11%

Дизајнот не е меѓу најсилните страни на моделот, но тој компензира со први места на топ листите за квалитетна склопови и сигурност. Големиот багажник и практичноста на предниот ред исто така добиваат висока оценка.

Пријавени проблеми: 6.3%, најчесто со моторот и тапацирот.

3. Lexus RX – 93.14%

Слабост се потрошувачката и скапото одржување. Инаку „RX“ се претставува многу силно во останатите 8 категории во анкетата.

Пријавени проблеми: 16,7%, најмногу дефекти во седиштата.

2. Skoda Yeti – 93.3%

Чесите се откажаа од „Yeti“ и наместо него понатаму ќе го нудат конвенционалниот „Karoq3, но досегашниот модел останува многу популарен меѓу купувачите. „Yeti“ добива висока оценка во сите категории, а како квалитет на склопови и сигурност е втор во целата анкета.

Пријавени проблеми: 9.2%, најчесто со седиштата.

1. Skoda Superb – 93.42%

Семејниот модел на Чесите е изненадувачки, но убедлив победник во анкетата, со силни проценки во сите одделни категории.

Пријавени проблеми: 20,9%, најчесто електрични.

Табелата од 11-то до 50-то место: Skoda Fabia, Kia Sportage, Audi Q3, Ford Kuga, Lexus NX, Peugeot 2008, Hyundai Tucson, Volkswagen Golf, Peugeot 308, Subaru Outback, Skoda Octavia, BMW 4 Series, Nissan Pulsar , Renault Captur, Jaguar XE, Honda CR-V, Vauxhall Astra, Mazda 6, Hyundai i20, Ford C-MAX, Mazda 3, Volkswagen Passat, Nissan LEAF, Audi A6, Audi A3, Toyota Prius, BMW 3 Series, Nissan Qashqai , Toyota Aygo, Mercedes-Benz C-Class, BMW 1 Series, Citroën C4 Picasso, Toyota Auris, MINI Hatchback, Fiat 500, Land Rover Discovery Sport, Volvo V40, Peugeot 108, Honda Jazz, Ford Fiesta.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП