27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА4 погрешни одговори на прашањето „Зошто сте заинтересирани за оваа позиција?“

4 погрешни одговори на прашањето „Зошто сте заинтересирани за оваа позиција?“

На интервјуто за работа неизбежно e прашањето „Зошто сте заинтересирани за оваа позиција?“. Со тоа прашање работодавците сакаат да ја откријат вашата мотивација, но и некои други нешта, на пример, можете ли да се вклопите во постоечката корпоративна култура, кои се вашите интереси и сл.

Ова се четирите погрешни одговори на ова прашање…

Не ја споменувате компанијата

Работодавците објаснуваат дека најчестата грешка на кандидатите е наведувањето на страста за програмирање, дизајнирање или на пр. пишување, при што забораваат да ја споменат желбата за работа токму во таа компанија.

Наведувате исклучиво лични интереси

Оваа грешка исто така е честа затоа што тоа во суштина е интуитивен одговор на поставеното прашање. Она што морате да го нагласите е како вие би можеле, користејќи ги вештините со кои располагате, да придонесете за компанијата.

Наведувате работи кои всушност не се важни

Интервјуто за работа е стресно и веројатно во тој момент на памет ќе ви дојдат разни работи, на пр. фактот дека канцеријата е блиску до вашиот дом или училиштето на вашите деца. Меѓутоа, тоа не е она што ги интересира работодавците

Одговарате на некое трето прашање

Немојте да бидете онаа личност која 10 минути зборува за тоа како едноставно мора да ја напушти моменталната работа – дури и ако е тоа причината поради која сте се нашле на интервјуто за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП