26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple платила над 70 милијарди долари на програмерите на апликации

Apple платила над 70 милијарди долари на програмерите на апликации

Американскиот технолошки концерн „Apple“ објави дека исплатил над 70 милијарди долари на програмерите на апликации по пуштањето на „App Store“ во 2008-ма година. Според зборовите на компанијата овој пазар се уште расте.

Непосредно пред годишната конференција на програмерите, која ќе се одржи во текот на следната недела, „Apple“ изјави дека луѓето од целиот свет им се допаѓаат апликациите, а нејзините корисници превземаат рекорден број на апликации.

„Импресионирани сме од сите нови апликации кои програмерите ни ги создаваат и немаме трпение да ги видиме другата недела на нашата Светска конференција на програмерите“, посочуваат од компанијата.

Apple прецизира дека во изминатите 12 месеци симнувањето се зголемиле за над 70%, вклучувајќи и поради популарните игри „Pokemon Go“ и „Super Mario Run“.

Истовремено „Apple“ се соочува со зголемување на конкуренцијата во областа на мобилните услуги претежно од доминантниот оперативен систем на „Google“ – „Android“. Затоа компанијата од Купертино го менува бизнис моделот, како дел од своите напори за одржување на програмерите во својата платформа.

Освен парите од симнувања, „Apple“ им овозможува на програмерите да користат претплатнички модел за сите 25 категории апликации. Според компанијата активните платени членства скокнаа со 58 отсто на годишна основа.

Apple има над 2 милиони платени и бесплатни апликации за „iPhone“, „iPad“ и други уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП