26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 смртни гревови на малите бизниси

10 смртни гревови на малите бизниси

Понекогаш се чини дека во прашање е среќа како некои компании успеваат, а други пропаѓаат, но сепак постојат заеднички грешки кои ги убиваат малите бизниси и пред да започнат со работа.

1. Пребрз раст

Брзиот раст е пожелен и добредојден, но претераната експлозија е грешка. Поставете реални цели и развивајте го бизнисот како што налага побарувачката.

2. Невнимание кон финансиите

Поголемиот број на пропаднати компании покажуваат дека сопствениците создаваат големи долгови. Научете да бидете внимателни со парите.

3. Претерано трошење

Многу претприемачи брзо го трошат својот почетен капитал и тоа најчесто поради лоша проценка. Ако започнувате бизнис најдобро прашајте ги поискусните за совет.

4. Недостаток од резервен капитал

Мора да се подготвите за неочекувани трошоци, како што се работна сила и разни материјали. Затоа, зачувајте средства за „црни денови“.

5. Лош избор на локација

Немојте да ве заведе само ниската цена на просторот кој ќе го закупите. Размислете за конкуренцијата која ја има на таа локација, колку е прометна локацијата, итн.

6. Лоша услуга

Лошата услуга и нестручноста на вашите вработени многу брзо ќе го загрозат вашиот бизнис. Дефинирајте на кој начин сакате вашите вработени да се однесуваат и на кој начин да ги вршат задачите.

7. Несоодветен бизнис план

Добро изготвениот бизнис план ве обврзува да мислите за иднината и предизвиците кои ве очекуваат во финансиите, маркетинг стратегијата, конкуренцијата итн.

8. Неспособност да се прилагодите

Способноста да ги препознаете можностите и флексибилноста се клучни за преживување.

9. Нефункционален маркетинг

Клиентите за да работат со вас мора да знаат дека постоите. Огласувањето и промовирањето на бизнисот на интернет, по пат на социјални мрежи не е преголем чекор.

10. Потценување на конкуренцијата

Лојалноста од клиентите не доаѓа сама од себе, треба да ја заслужите. Следете ги конкурентите и бидете чекор напред. Ако не се грижите за клиентите, конкуренцијата сигурно ќе се грижи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП