27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗапрено производството на „БМВ“ во три земји

Запрено производството на „БМВ“ во три земји

Германскиот автомобилски гигант „БМВ“ во понеделник ќе го запре производството во Кина и Јужноафриканската Република, како и во Германија заради доцнење во испораката на делови.

Производството на два модела на автомобили во фабриката во Лајпциг ќе биде запрено во понеделник, објави во недела портпаролот на компанијата.

Запирањето на производството е заради доцнењето во испораката на ист дел од Италија.

Компанијата работи на решавање на проблемот и се надева дека снабдувањето ќе биде нормализирано веќе во вторник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП