26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPepsiCo преговара за купување на Vita Coco

PepsiCo преговара за купување на Vita Coco

Производителот на безалкохолни пијалоци „PepsiCo“ преговара за купување на „All Market Inc“, сопственик на брендот кокосова вода „Vita Coco“ во која инвестираат личности како Мадона и Метју МекКонехи, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на запознаени извори.

Оваа инвестиција би помогнала на „PepsiCo“ да ја прошири својата листа со производи, во момент кога компанијата се бори со намалување на продажбата поради променливиот вкус на потрошувачите и побарувачката на многу здравствени варијанти од газираните пијалоци.

„PepsiCo“ сепак предложила значително помала сума од таа која сопствениците на „All Market“ се обидуваат да го продадат својот бизнис, што предизвикува несигурност дали двете страни ќе дојдат до договор.

Засега компанијата за безалкохолни пијалоци не ја коментираше претстојната зделка, од „Vita Coco“ одбиваат да дадат коментар, а „Ројтерс“ се повикува на анонимни извори, бидејќи преговорите се доверливи.

Основана во 2004-та година од страна на двајца пријатели од детството во Њујорк, „Vita Coco“ веќе реализира продажбата во 30 земји и е светски лидер на пазарот на кокосова вода со 26% пазарен удел од 2,5 милијарди долари, покажуваат податоците на истражувачката компанија „Euromonitor International“.

Извлечена од млади зелени кокоси, оваа вода веќе ужива сериозен интерес во Северна Америка и Европа.

Во исто време „Pepsi“ се обидува да развие бизнис со здрави производи, па така во минатата година објави дека се стреми да купи неколку компании кои произведуваат корисна храна и пијалоци.

„PepsiCo“ исто така, го поседува брендот за овес „Quaker Oats“, чипсот „Frito-Lay“, енергетскиот пијалок „Gatorade“ и сокот од портокал „Tropicana“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП