27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоти во недела се простува од Рома

Тоти во недела се простува од Рома

Франческо Тоти потврди дека в недела последен пат ќе го носи дресот на Рома. Тоти има 40 години, а целата своја кариера ја мина во редовите на „волчицата“.

„Не постојат зборови со кои би опишал што значат овие бои за мене. Љубовта која ја чувствувам кон клубот никогаш нема да заврши. Тоа е страст, моја страст. Толку е длабока што не можам да престанам да ја хранам. Од понеделник ќе бидам подготвен за нови предизвици“, рекол Тоти.

Тоти не открил дали заминувањето од Рома водено значи и крај на неговата кариера.

„Принцот на Рим“ за првиот тим на Рома дебитирал во 1992 година, а за 25 сезони одиграл 785 натпревари и постигнал 307 голови.

Со Рома еднаш ја освоил Серија А (2001), а има и два трофеи, во Купот и во Суперкупот на Италија.

Натпреварот Рома-Џенова се игра в недела, на „Олимпико“, од 18 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП