26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Renault Megane RS ќе дебитира на 26-ти мај во Монако

Новиот Renault Megane RS ќе дебитира на 26-ти мај во Монако

„Renault“ потврди дека новиот најбрз „Megane“ ќе биде претставен пред публика во рамките на претстојниот тркачки викенд во Монте Карло.

Автомобилот ќе мине неколку ревијални кругови на познатата улична патека во петок, 26-ти мај, а зад управувачот ќе биде Нико Хулкенберг кој настапува за тимот „Renault Sport Racing Formula 1“.

Официјалната светска премиера на новиот „Renault Megane RS“ ќе се одржи во септември на саемот за автомобили во Франкфурт.

Се очекува дека овој модел и натаму ќе има преден погон, а моќта ќе ја добива од 1.8-литарски турбо бензинец кој го користи и спортскиот модел „Renault Alpine A110“, или од 2.0-литарски агрегат.

Без оглед на било кој од двата споменати мотори ќе биде под хаубата, автомобилот би требало да располага со околу 300 коњски сили, а погонската единица ќе биде поврзана со шестбрзински мануелен менувач или изборен седумстепен автоматик со двојно квачило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП