26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAgrokor ја продава јахтата на Тодориќ, хеликоптер и повеќе луксузни автомобили

Agrokor ја продава јахтата на Тодориќ, хеликоптер и повеќе луксузни автомобили

Според одлуката на новата Управа на Agrokor, процесот за решавање на имотот кој не е неопходен за работењето на компанија започнува во понеделник.

Меѓу работите кои повеќе не се неопходни за работа се најде јахатата Riva 85 Opera од 2006 година, хеликоптерот Bell 427 VFR од истата година и повеќе луксузни автомобили.

Според одлуката на новата Управа на Agrokor, процесот за решавање на имотот кој не е нeопходен за работењето на компанијата започнува во понеделник. На странските огласи, моторната јахта, што ја има Тодориќ, се нуди по цена од два милиони евра, додека хеликоптерот од истата година може да се купи за околу милион евра.

Од луксузните автомобили се продава Mercedes S 600 I GLS, Audi A8 и Range Rоver како и други. На тој начин, кога договорите со лизинг компаниите кои се во тек ќе бидат готови, возниот парк на Agrokor ќе се намали за дури 60 проценти. Според неслужбените информации, Управата по продажбата на движниот имот, ќе започне и со продажба на недвижниот имот и компаниите кои не припаѓаат во портфолиото за производствени, преработувачки и малопродажни компании, пишува Јутарни лист.

По продажбата на движниот имот, во догледно време, кога за тоа ќе се создадат услови, ќе започне и продажбата на недвижнини за која се проценува дека не се потреби за работење на концернот и неговите компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП