26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРистовски и Жута шампиони со Риека, Партизан најдобар во Србија

Ристовски и Жута шампиони со Риека, Партизан најдобар во Србија

Риека ја прекина доминацијата на Динамо Загреб во хрватското првенство, додека Партизан го презеде фудбалскиот трон од Црвена звезда во шампионатот на Србија.

Риека, со победата над Цибалија 4-0, на коло до крајот на сезоната во Хрватска, стекна недостижна предност од пет бода во однос на Динамо Загреб.

Екипата за која настапуваат Стефан Ристовски и Леонард Жута, ја освои историската прва титула и воедно ја прекина 11-годишната доминација на Динамо.

Во Србија, Партизан со неверојатната серија од 31 натпревар без пораз (28 победи), освои три бода повеќе од Црвена звезда и ја освои 27 титула во клупската историја, шеста од осамостојувањето на Србија.

Партизан во последното коло славеше над Младост со 5:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП