26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРастoт на клиентите и онлајн купувањата ги поддржаа кварталните резултати на Wal-Mart

Растoт на клиентите и онлајн купувањата ги поддржаа кварталните резултати на Wal-Mart

Најголемиот трговец на мало во САД, „Wal-Mart“ забележа малку повисока од очекуваната продажба во првиот квартал од годината благодарение на повеќето посети на клиенти и онлајн купувања.

Добивката по акција изнесува 1 долар во првиот квартал, завршен на 30-ти април, што ја надминува просечната оценка на аналитичарите од 96 центи, според „Thomson Reuters“. Консолидираните нето приходи се намалија до 3,04 милијарди долари од 3,08 милијарди долари поради зголемување на даночната стапка.

Компанијата соопшти дека продажбата во продавниците во САД, отворени од најмалку од пред една година, се зголемени за 1,4%. Аналитичарите очекуваа зголемување од 1,3%, според податоците на „Consensus Metrix“.

За вториот квартал „Wal-Mart“, рече дека очекува раст од 1,5% до 2% на продажбата во развиените американски продавници. Компанијата предвидува заработка по акција од 1 до 1,08 долари, наспроти очекувањата на пазарот од 1,07 долари.

Во првото тримесечје онлајн продажбата се зголеми за 63%, што е раст во однос на претходните квартали.

Акциите на „Wal-Mart“ поскапеа за 1,2% до 76 долари, пред пазарот да се отвори. Од почетокот на годината цената на акциите се зголеми за 8,7%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП