27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiat го покажа наследникот на Punto

Fiat го покажа наследникот на Punto

Италијанската компанија „Fiat“ ги објави првите официјални фотографии на хечбекот со 5 врати – „Argo“. Моделот е наменет за пазарите во Јужна Америка, а негово производство ќе се одвива во Бразил. Токму таму прво ќе стартува и продажбата, а тоа ќе се случи кон крајот на мај.

Како што се и очекуваше, дизајнот на „Argo“ е во стилот на новиот „Fiat Tipo“ кој се продава во Европа. Засега нема детали за техничките карактеристики на возилото, но се очекува во Бразил тој да биде достапни со мотори со зафатнина 1,0, 1,3 и 1,8 литри, кои работат како на бензин, така и на етанол.

Клиентите на „Fiat“ ќе можат да избираат меѓу 3 менувачи – механички, автоматски и роботизиран. Во опремата на моделот влегуваат климатизација, мултимедијален систем со екран на допир и систем „Start/Stop“.

Во втората половина на година на пазарите во Јужна Америка треба да се појави и верзијата седан на „Argo“. За разлика од хечбекот, таа ќе се произведува во фабриката на „Fiat“ во Аргентина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП