26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.05.2017

Дневен хороскоп 16.05.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес ви е потребен пријател на кого можете да му верувате. Споделете ги емоциите кои веќе подолго време ги чувате во себе и ќе се чувствувате многу подобро. Вие никогаш не сте успеале да ги задржите за себе и целосно да ги потиснете чувствата.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вашиот професионален живот бара промени и за среќа тие промени се на прагот. Ќе бидете максимално организирани и секој момент ќе го користите продуктивно. Сепак, не претерувајте со опседнатоста со работата. Не треба да станете работохолик.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Околу вас ќе забележите многу љубомора и компетитивност. Луѓето ќе се натпреваруваат за да докажат кој е подобар или кој е попопуларен. Не влегувајте во таа игра, бидејќи на крајот никој нема да излезе како победник.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Треба да направите компромис и да се задоволите со она што го имате. Вашите фантазии за нешто повеќе ви го нарушуваат мирот. Посакувате да избегате од работата, но тоа сега не е правилно решение. Стрпете се, во наредната недела ќе дојдат подобри денови.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ви претстои успешен ден. Наоѓате време за саканата личност и за омиленото хоби. Со еден збор – уживате. Моментите што ви претстојат се идеални за секаква активност, под услов да не претерувате.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Работата ви оди одлично. Еден период беше малку потежок, но од него се извлековте многу вешто и брзо. Вторник е исклучително добар ден, па ако закажувате важен состанок, потрудете се тоа да биде денес. Многу Девици ќе се заљубат.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Бидејќи се чувствувате и повеќе од фантастично, потрудете се оваа состојба да потрае подолго. Не оптоварувајте се со глупости и не планирајте однапред ништо. Релаксирајте се на секое поле.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Физичката состојба ви е добра, но психичката состојба ви е нестабилна. Воздржете се од учество во спорови или најобични дискусии за службени прашања. Субјективни сте и можете да кажете нешто несоодветно, со што можете да си наштетите.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Немојте да навалувате со своите идеи иако една врата малку ви се отвори, се уште не е време да се експонирате. Работете во тишина и според правилата на игра. Трпеливо чекајте ги своите пет минути. Ќе дојдат. Кога ви е тешко најдете ведри луѓе.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе бидете објективни и разумни, па секоја донесена одлука ќе испадне дека е правилна. Голем дел од енергијата ќе ја посветите на организирање на вашиот професионален и личен живот. Внимавајте на односот со колегите, не го нарушувајте пријателството.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашиот деловен интерес полека се насочува кон истражување. Она што сте го постигнале, тука е, но сега на дневен ред доаѓаат некои неиспитани или скриени работи. Некои ќе се обидат да ги остварат своите соништа на сосема необичен начин.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вашата дружељубивост ќе и биде симпатична на околината. Ќе бидете успешни во комуникацијата, учењето, трговијата и давањето услуги. На работното место се оди како што сте замислиле. Бидете посериозни и ќе успеете да ги реализирате плановите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП