27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSeat го тестира најскапиот модел во историјата

Seat го тестира најскапиот модел во историјата

За време на саемот во Франкфурт во септември компанијата „Seat“ ќе претстави спортска модификација на својот прв кросовер „Ateca“. Таа ќе стане најскапиот модел во историјата на брендот.

Прототип на оваа верзија на „Ateca“ која кон своето име ќе го добие традиционалниот за шпанскиот производител додаток „Cupra“, беше снимен за време на тестирања на патеката „Нирбургринг“. Машината речиси целосно ја повторува верзијата „Ateca FR“, а разликата е само во отсуство на фаровите против магла на предниот браник. Тие се отстранети поради зголемените отвори за воздух.

Меѓу другите карактеристики на „Ateca Cupra“ е спуштената суспензија и поголемите механизми за сопирање, како и поголемите тркала, врз кои се поставени гуми со низок профил. За карактерот на автомобилот потсетуваат и четирите цевки на издувниот систем.

Се очекува под хаубата на кросоверот на „Seat“ да биде поставен 2,0 литарски бензински турбомотор со 4 цилиндри кој развива моќност од 300 КС и 380 Нм. Натписот „4Drive“ сугерира дека машината ќе биде со погон на сите четири тркала, на што се потпира и поранешниот рекордер на „Нирбургринг“ – „Seat Leon ST Cupra“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП