26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan ja проширува гамата NISMO

Nissan ja проширува гамата NISMO

Компанијата „Nissan Motor“ ја објави својата намера да ја прошири палетата на модели понудени од спортската поделба „NISMO“, за тие да се продаваат на повеќе пазари во светот.

За таа цел Јапонците создаваат нова поделба – „NISMO Cars Business Department“. Таа станува дел од компанијата „Autech Japan“ која се занимава со тјунинг и обновување на автомобили на „Nissan“.

Спортската поделба „NISMO“ започна да се трансформира во тјунинг-работилница на „Nissan“ во 2011-та година. Две години подоцна излезе првата „надуена“ верзија на граѓанскиот модел на марката – кросоверот „Juke NISMO“. Потоа кон неа се приклучија такви модификации на „GT-R“, „370Z“, „Note“, „Sentra“ и „Patrol“. Во моментов Јапонците годишно продаваат околу 15.000 автомобили „NISMO“.

Во компанијата си поставиле за цел да заземат нови сегменти од пазарот и нови држави, како и да ги зајакнат позициите каде Брендот веќе е присутен. „NISMO Cars Business Department“ ќе работи во соработка со експертите од „Nissan Motorsport“, за да може да се забрза развојот на идните спортски модели.

Генерално идејата на „Nissan“ е да се создаде комплетен конкурент на „Mercedes-AMG“, „BMW M“ и „Audi Sport“. За таа цел повторно ќе бидат разгледани можностите да се пласира на пазарот „NISMO“ верзии на кросоверите „Qashqai“ и „X-Trail“, од чија развој компанијата порано се откажа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП