26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром го зголеми профитот за 21 процент

Газпром го зголеми профитот за 21 процент

Нето профитот на Газпром минтата година е зголемен за 21 процент, благодарение пред се на растот на продажбата на сирова нафта и гас.

Нето добивката на компанијата во 2016 година достигна 951,6 милијарди рубљи, а вкупните приходи пораснаа за 37,7 милијарди рубљи (607 милиони евра) на 6.100 милијарди рубљи, што е за еден процент повеќе отколку во 2015 година, соопшти компанијата, а пренесува агенцијата Франс прес.

„Растот на продажбата пред се е резултат на зголемената продажба на сирова нафта и гас“, соопштија од Газпром, кој ги зголеми испораките на гас во Европа за 12,5 проценти во 2016 година, а за оваа година повторно планира двоцифрен раст на продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП