27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити и Јунајтед без голови на „Етихад“ во градското дерби

Сити и Јунајтед без голови на „Етихад“ во градското дерби

Манчестерските ривали Сити и Јунајтед, во четвртокот, го одиграа натпреварот од 26.коло во Премиер лигата. Дуелот на „Итихад“ стадионот заврши без голови.

Сити беше доминатен во најголем дел од натпреварот, но не успеа ниту еднаш да го совлада Давид де Хеа, дури и во ситуација кога Јунајтед остана со играч помалку поради црвениот картон кој во финишот го доби Фелаини.

Белгиецот се соочува со подолга суспензија, бидејќи без топка го удри Серхио Агуеро. Црвениот картон на Фелаини само му ги зголеми персонанлните проблеми на менаџерот Мурињо, во финишот од сезоната.

По овој дуел и 33 одиграни натпревари во сезоната Сити е на четвртото место со 65, а Јунајтед позиција подолу со 64 бодови, пред нив е Ливерпул кој има 66 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП