27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Јуно“ - паметно огледало

„Јуно“ – паметно огледало

„Јуно“ – паметното огледало, дефинитивно претставува функционален декор на иднината. Со прилагодливо осветлување, ова паметно огледало ги носи фотографирањето, снимањето и шминкањето на целосно ново ниво.

Сеедно дали сте новинар кој пишува за убавина или едноставно сакате да се фотографирате по 50 пати дневно за да постигнете совршено „селфи“, паметното огледало „Јуно“ користи напредна технологија и современ декор со цел разните задачи да ги прави многу полесни.

Јуно е огледало наменето за ноќни масички и поседува различна начини на осветлување, што можете да ги контролирате преку апликација за да го калибрирате и подобрите тенот на вашата кожа.

Овој функционален паметен декор овозможува да ги зачувате своите подесувања за да можете веднаш да бидете подготвени при следното користење. Ова огледало исто така функционира и како нераскинлив дел од куќниот декор. Може да работи како светло за читање и поседува место за оставање на ситни аксесоари.

Огледалото поседува безжичен извор на енергија, која може да се дополнува и може да трае до една недела со само едно полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП