26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНови 60 минути го делат Вардар од Келн

Нови 60 минути го делат Вардар од Келн

Вардар или Фленсбург, вечерва ќе биде познато кој од двата тима ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Поблиску до Келн се играчите на македонскиот шампион, кои во саботата победија на гостински терен 26:24.

Еден натпревар го дели Вардар од исполнување на сонот, пласман во елитниот квартет на европскиот ракомет. Патот до Келн води преку Фленсбург, стариот должник на „црвено црните“. Токму овој тим пред четири години, само поради поголем број на постигнати голови на гостински терен, го спречи Вардар да стигне до завршниот турнир.

Сега е вистинско време долгот да биде наплатен. Вардар победи на првиот меч во Германија и со право е фаворит и во реваншот на свој терен, пред својата публика.

Кај играчите и стручниот штаб оптимизмот е присутен, но во исто време сите се претпазливи, бидејќи како што велат Фленсбург нема во Скопје да дојде со „бело знаме“.

Клуч и на овој меч треба да биде одбраната и Штербик, две нешта кои беспрекорно делуваа во „Фленс арена“.

„Знаеме дека треба уште подобро да одиграме во одбраната, мораме да им помогнеме на нашите голмани. Тоа треба да биде клучот на успехот. Сигурно е дека и тие нешто се прашуваат во натпреварот. Имаат и тие одлични голмани, играат одлично во транзиција, но не треба да заборавиме дека првиот меч ни беше вистински показател како треба да се игра со Фленсбург“, вели десното крило на Вардар, Иван Чупиќ.

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ ќе започне во 19 часот, а за оние кои нема да бидат во салата клубот организира следење на натпреварот на видео бим на платото пред салата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП