27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКој спортски автомобил беше најбаран во 2016-та?

Кој спортски автомобил беше најбаран во 2016-та?

Веќе втора година по ред глобално најпродаван спортски модел е „Ford Mustang“.

Иако терминот „спортски автомобил“ е еластична категорија, а многумина сметаат дека „Mustang“ во потесна смисла на зборот и не е типичен „спортиста“, возните карактеристики, моќта на моторот и дизајнот се сместуваат во оваа класа на возила.

Тајната на успехот на најновата генерација на овој модел кој трае повеќе од половина век е во тоа што новиот „Ford Mustang“ е направен за глобалниот пазар. Додека претходните верзии главно беа поврзувани за северноамериканскиот континент, актуелниот модел се продава ширум светот, поточно во дури 140 земји.

Па така во 2016-та, „Ford“ им испорача на купувачите вкупно 150.000 примероци на „Mustang“, oд кои 45.000 беа продадени надвор од САД.

„Mustang“ уште во првата половина од 2017-та ќе пристигне на уште 6 нови пазари, а во „Ford“ очекуваат во тековната година 30% произведени автомобили ќе бидат испорачани во земји ширум светот. Надвор од САД, „Ford Mustang“ e најбаран во Германија и Кина.

Името „Mustang“ е присутно во авто-индустријата повеќе од 50 години. Овој модел стана најпродаваниот американски спортски автомобил.

Во почетокот на 2017-та, актуелната генерација претрпе промени во дизајнот. Покрај малата промена на дизајнот на автомобилот, промени се случиле и во моторизацијата, па така „Ford“ ја исфрли од понудата верзијата со 3.7-литарски V6 aгрегат, која слабо се продаваше.

Моделот сега се нуди само во отстанатите верзии на мотори, 2.3-литарски „EcoBoost“ единици и 5.0-литарски V8 погонски систем, кој сега изборно може да се нарача во комбинација со новиот десетбрзински автоматски менувач. Што се однесува до мануелниот, тој исто така е подобрен.

„Ford“ воедно вбризга дополнителна моќ во V8 aгрегатот, но не откри колку со колку коњски сили ќе располага овој мотор (во кој се уште актуелниот „Mustang“, 5.0-литарски V8 произведува 427 ks).

Кога станува збор за „EcoBoost“ единицата, таа ќе развива нешто поголем вртежен момент отколку сега.

Редизајнирана е и внатрешноста на автомобилот, па така купувачите на располагање ќе имаат изборна дигитална иструмент табла, наместо класичните инструменти со стрелки.

Обновениот „Ford Mustang“ на северноамериканскиот пазар ќе пристигне во текот на есента, по што се очекува да пристигне и во европските продажни салони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП