27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLinkedIn се пофали со над 500 милиони претплатници

LinkedIn се пофали со над 500 милиони претплатници

Социјалната мрежа за деловни контакти „LinkedIn“ соопшти дека нејзините претплатници веќе бројат 500 милиони лица од над 200 земји, зголемувајќи се постојано откако пред неколку месеци услугата беше купена од „Microsoft Corp.“.

„Неодамна завршивме важна и возбудлива фаза“, напиша Атиф Ауан, потпретседател на „LinkedIn.“ „Имаме веќе половина милијарда членови во 200 земји, кои воспоставуваат врски, водат професионални дискусии меѓу себе и наоѓаат можности благодарение на контактите во LinkedIn“, додава тој.

Купувањето за 26,2 милијарди долари, што заврши во декември минатата година, е најголемото досега во сегментот на друштвените мрежи. Кога го објави договорот во јуни, „LinkedIn“ имаше 433 милиони членови, а при завршување на договорот на крајот на годината нивниот број достигна 467 милиони лица.

Според податоците на потпретседателот професионалната мрежа, основана во 2003-та година, поддржува околу 10 милиони активни понуди за работа, дава пристап до девет милиони компании и над 100.000 статии објавени секоја недела.

Во 2015-та година нејзините вработени броеја 10.000 лица, а приходите изнесуваа околу 3 милијарди долари при нето загуба од 166 милиони долари.

Освен тоа со помош на „Personalized Insights“, „LinkedIn“ ќе пушти мала надградба на табот „My Network“. Со него корисниците може да креираат нови врски и да примаат покани од други корисници. Освен тоа „LinkedIn“ веќе покажува и статистика на лицата кои ги познаваме во платформата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП