26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако изгледа идеалниот канцелариски простор?

Како изгледа идеалниот канцелариски простор?

Да, тешко е да им се угоди на сите, но како личност која е задолжена за вработените да се чувствуваат удобно, би требало да го направите следново.

Обезбедете доволно место и простор – немојте да дозволите вработените да се теснат и да се туркаат во мали простории. Обезбедете им доволно место во канцелариите и исфрлете ги непотребните работи кои заземаат простор.

Клима и греење – работните простории мора да имаат греење и ладење, а ако тоа ви се чини смешно во 21 век, тогаш би можеле да бидете напуштени од вашите вработени.

Светло – просторијата мора да има доволно количество на дневна природна светлина и немојте да штедите и на сијалци со цел на вашите вработени да им обезбедите светла и пријатна работна атмосфера.

Апарати за кафе и вода, простор за пушење – вработените мораат да имаат пристап до топли и освежителни напитоци и обезбеден простор за цигара.

Цвеќе – нека просторот делува свеж, а убавото цвеќе секако дека ќе придонесе за тоа.

Работен материјал – обезбедете ги најдобрите работни материјали за своите вработени, немојте да купувате материјали со сомнителен квалитет или пак да штедите и да го скратувате потребниот работен материјал.

Заклучок – важно е секој вработен пријатно да се чувствува, со што ќе се зголеми неговата продуктивност на работното место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП