26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple на десетиот роденден ќе претстави три iPhone уреди?

Apple на десетиот роденден ќе претстави три iPhone уреди?

Паметниот телефон на „Apple“ – „iPhone“ оваа година прославува десетгодишнина, а неодамна се појавија гласини според кои компанијата по тој повод ќе претстави три нови уреди.

Два од споменатите „iPhone“ уреди ќе бидат наследници на моделите „iPhone 7“ и „iPhone 7 Plus“ – „7S“ и „7S Plus“, a третиот ќе послужи како јубилеен „iPhone“ со нов изглед и значително повисока цена. Тој премиум модел ќе има заоблен екран со многу мали рабови.

Иако „Apple“ истиот ден ќе ги претстави сите три уреди, почетокот на продажбата на третиот ќе биде малку подоцна поради големиот предизвик за производство на уредот.

Повеќе детали би требало да бидат соопштени на 29-ти јуни, на денот на годишнината, а претставувањето на уредите се очекува во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП