27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмоќното BMW M4 излегува на пазарот (фото+видео)

Најмоќното BMW M4 излегува на пазарот (фото+видео)

„BMW“ на саемот во Шангај ја претстави најмоќната верзија на „М4“ – „CS“ која е со моќност од 460 коњски сили.

Новата верзија на „M4“ се позиционира меѓу „M4 Competition Package“ и „M4 GTS“. Но со оглед дека сите автомобили од лимитираната серија „M4 GTS“ се веќе распродадени, затоа „M4 CS“ ја презема улогата на актуелната топ верзија на моделот.

Во споредба со „M4 Competition Package“ моќноста на „M4 CS“ се зголемила за 10 коњски сили, а максималниот вртежен момент за 10 Nm до 600 Nm. Максималната брзина е електронски ограничена на 280 км/ч, забрзувањето од 0 до 100 км/ч го остварува за 3,9 секунди, а „M4 CS“ нема да се нуди со мануелен менувач.

Од „BMW“ најавија дека постигнувањето на „M4 CS“ на патеката „Нирбургринг“ е 7,38 минути, што е за 14 секунди побрзо од „BMW M4“. Тука сепак рекордер е „M4 GTS“ – 7,27 минути. Во споредба со „M4“ верзијата „CS“ е со 30 килограми полесна, а тоа главно се должи на употребата на карбон во изработката на предниот капак и оној на багажникот.

Дополнително се лесни тапацирот на вратите, аудиосистемот е едноставен, а климата покрива една зона. Но „M4 CS“ ќе му нуди на сопственик други силни карактеристики – цврсто подесување на суспензијата, лесни бандажи со големина 19 и 20 инчи напред и позади, како и додавањето на нови аеродинамични елементи. Цената на „M4 CS“ во Германија е малку под 117.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП