26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛуксуз во спортски пакет: Lexus LS 500 F Sport (фото+видео)

Луксуз во спортски пакет: Lexus LS 500 F Sport (фото+видео)

На автосаемот во Њујорк компанијата „Lexus“ ја претстави новата верзија на предводникот „LS 500“, која го добила додаток „F Sport“ кон името. Моделот ќе се нуди со бензински или хибриден агрегат.

На изглед „Lexus LS 500 F“ се одликува по решетката на ладилникот, над чиј распоред дизајнерите на брендот се труделе повеќе од 5 месеци. Таа се состои од 7.100 елементот (кај стандардниот модел тие се 5.000), кои се поврзани со телата за осветлување околу неа. Решетката е дизајнирана така што да обезбедува ефикасно ладење на автомобилот.

Во кабината на „LS 500 F Sport“ се поставени специјални предни седишта, обезбедувајќи одлична поддршка на телото при динамично возење. Позицијата на воланот и рачката за брзини исто така се прилагодени за удобноста на возачот.

„Надуениот“ седан ги има сите новитети на корпоративната технологија за управување на шасијата – „Vehicle Dynamics Integrated Management“ (VDIM) во која се интегрирани голем број системи, вклучувајќи „ABS“, „ESP“ и други. Постои и активен систем за управување на четирите тркала – „Lexus Dynamic Handling“, спортски поставки на суспензија, како и други технички детали.

„LS 500 F Sport“ е опремен со битурбо V6 мотор со зафатнина од 3,5 литри, кој развива 415 КС и 600 Нм вртежен момент. Моторот се комбинира со 10-степен автоматски менувач, кој му обезбедува на моделот со заден пренос забрзување од 0 до 96 км/ч за 4,5 секунди.

Хибридната верзија на моделот, се потпира на атмосферски 3,5-литарски бензински V6 агрегат, два електромотори и комплет литиум-јонски батерии. Моќноста на агрегатот е 354 КС, а забрзувањето од 0 до 96 км/ч трае 5,2 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП