27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung тестира прототип на телефон со два екрани

Samsung тестира прототип на телефон со два екрани

Дали оваа година „Samsung“ ќе претстави преклоплив телефон? Некои гласини велат да, а други не.

Меѓутоа, најновите информации говорат дека сепак ќе видиме сличен модел, затоа што „Samsung“ најверојатно тестира прототип на телефон со два екрани. Веќе подолго време се шпекулира дека ваков телефон би можел да биде прелиминарниот модел на паметен телефон на преклопување наречен „Galaxy X“.

Најверојатно, телефонот ќе се може да се преклопува под агол до 180 степени и ќе има неколку „OLED“ екрани кои ќе бидат поврзани со некој вид на шарки во средината. Можеме само да претпоставиме дека остатокот на електрониката не е толку флексибилна поради двата екрани.

„Samsung“ сепак не би бил првиот кој ќе се обиде да стартува ваков уред, затоа што досега можевме да видиме дека „Kyocera“ се обидува на нешто слично. Се уште е можно „Samsung“ да го претстави ваквиот телефон во текот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП