26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИIDC гледа слабо заживување на пазарот на персонални компјутери

IDC гледа слабо заживување на пазарот на персонални компјутери

Продажбата на персонални компјутери го забележа својот прв квартален раст по пет години, објави компанијата за истражување „IDC3. Растот сепак е под 1% во однос на минатата година и ја нагласува слабата побарувачка, особено од страна на корисниците.

Во првите три месеци од годинава продажбата достигна 60,3 милиони примероци во споредба со 59,9 милиони во истиот период од пред една година, објави „IDC“ во соопштението. Тоа е и првото зголемување од првиот квартал од 2012-та година.

„Gartner“, друга компанија која го следи внимателно пазарот предвиде сепак пад од 2,4% на продажбата во првиот квартал. И двете компании тврдат дека пазарот на бизнис купувања на персонални компјутери се подобрил, иако не е доволно за да се компензира падот на побарувачката од страна на корисниците.

Продажбата на десктоп компјутерите и лаптопите бележи пад, додека корисничкото внимание се насочува кон смартфоните и таблетите како полесен начин за сурфање на интернет во движење. Сега индустријата се потпира повеќе на интересот од страна на компаниите и на корисниците кои сакаат да ги заменат застарените компјутери со помоќни и поубави производи кои вклучуваат обновен софтвер.

„IDC“ и „Gartner“ користат сопствени методи за попис на продажбата. „Gartner“ пример ги вклучува десктопите, лаптопите и поврзаните уреди како „Surface“ на „Microsoft“, но не и „Chromebook“ на „Google“. „IDC“ пак ги вклучува „Chromebook“, но не и „Surface“, тврди Џеј Чоу, менаџер за студии во „IDC“.

Сите главни брендови во индустријата забележуваат зголемување на пазарните удели. „HP Inc.“ си го враќа првото место со 22% удел во првиот квартал, а тој расте од 19% од пред една година, посочуваат од „IDC“. Кинеската „Lenovo Group“ е со удел од 20,4%, додека „Dell Technologies“ е со 16%. Уделот на „Apple“ порасна до 7% од 6,7%.

„Gartner“ го става „Lenovo“ на прво место, а по него во рангирањето се „HP“ и „Dell“. „Apple“ пак е позициониран на петтата позиција.

Истовремено цените на персоналните компјутери се зголемува, бидејќи клучните компоненти стануваат поскапи во позадина на недостатокот на доволно такви во индустријата, тврди Микако Китагава, аналитичари на „Gartner“. Тоа не навестува ништо добро за производителите на персонални компјутери.

„Gartner“ тврди дека во САД продажбата падна за 2,4%, бидејќи побарувачката на потрошувачите се намали. „HP“ е број еден на овој пазар, а „Dell“ и „Apple“ се на второто и четвртото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП