26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJeep ja откри најмоќнaтa и најбрзата верзија на Grand Cherokee (фото)

Jeep ja откри најмоќнaтa и најбрзата верзија на Grand Cherokee (фото)

Во пресрет на автосаемот во Њујорк компанијата „Jeep“ најпосле го откри целосно новиот „Grand Cherokee Trackhawk“. Тоа е најбрзиот и најмоќниот автомобил во историјата на моделот, а го добил моторот – „Challenger SRT Hellcat“.

Се очекуваше поради високата моќност кросовер да биде со заден пренос, но инженерите на „Jeep“ успеале да се справат со поставените задачи и машината е опремена со систем за погон на сите четири тркала.

На изглед моделот се разликува по решетката на ладилникот, како и по хаубата, која добила специјални отвори за подобро ладење. На предниот браник се појавиле два дополнителни отвори за воздух, а спортскиот карактер на автомобилот се нагласува и од двојните цевки на издувниот систем.

Под хаубата на „Grand Cherokee Trackhawk“ е поставен 6,2 литарски бензински V8 мотор развива 717 КС и обезбедува максимален вртежен момент од 875 Нм. Тој работи во комбинација со 8-степен автоматски менувач кој е модернизиран главно, за да се справи со моќноста на моторот. Системот 4×4 може да се дистрибуира во зависност од избраниот режим на движење (тие се вкупно 5 на број).

Забрзувањето од 0 до 97 км/ч (60 милји) трае 3,5 скунди, што е прилично импресивно. Растојанието од ¼-милја (402 метри) се минува за 11,6 секунди, а максималната брзина на кросоверот е 290 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП