27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti покажа каков ќе биде новиот QX80

Infiniti покажа каков ќе биде новиот QX80

Компанијата „Infiniti“ објави првата фотографија на голем концептен теренец со името „QX80 Monograph“. Тој се јавува како предвесник на следната генерација на „QX80“, а премиерата пред публика ќе се одржи на автосаемот во Њујорк подоцна во овој месец.

Протитипот е развиен од дизајнерско студио на компанијата во Ацуги, Јапонија. Надворешноста на моделот е во стилот на прототипот „QX80 Sport Inspiration“, кој дебитираше во април 2016-та година на саемот во Пекинг. Од „Infiniti“ тврдат дека концептот „Monograph“ покажува каков пат на развивање ќе преземе сегментот на премиум-кросовери на брендот.

Следната генерација на „QX80“ ќе остане без V8 моторот, а неговото место ќе го заземе V6 со турбо, кој сега се наоѓа во седанот „Q50“ и во „Q60“. Во зависност од верзијата на моторот ќе развива 300 или 405 КС.

Сегашниот атмосферски агрегат е со зафатнина од 5,6 литри, а силата му е 405 КС и 560 Нм вртежен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП