26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСтивен Хокинг: Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и Брегзит...

Стивен Хокинг: Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и Брегзит лоши за иднината на истражувањата(видео)

Познатиот физичар Стивен Хокинг, преку холограм и се обрати на публиката во Хонгконг истакнувајќи ја користа од оваа технологија, која се почесто се користи во политиката и шоубизнисот.

По појавувањето на британскиот научник, стотици луѓе му аплаудираа.

Тој ја опишуваше својата кариера, а и одговараше на прашања за веројатноста дека постои живот на други планети, употребата на предметната технологија во образованието и последиците од брекзит за Велика Британија.

75-годишниот Хокинг смета дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е дел од серијата успеси на крајната десница, кои би можеле да имаат сериозни последици за иднината на истражувањата.

“Со Брегзит и Трамп присуствуваме на глобален отпор против експертите” – рече тој за време на првото појавување во Хонг Конг од 2006 година.

“Оваа кривина надесно доаѓа во момент кога планетата се соочува со многу кризи, поврзани со животната средина, од климатските промени до уништувањето на шумите. Проблемите ќе треба да бидат решени од науката и технологијата”, додаде Хокинг.

Хокинг е засегнат од амиотрофична латерална склероза – невродегенеративно заболување на моторните неврони, поради што е парализиран и може да контактира само со помош на компјутер и вокал синтисајзер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП