27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse: Загубата расте, но и директорските плати

Credit Suisse: Загубата расте, но и директорските плати

И покрај сериозната загуба на банката предводена од него, главниот извршен директор на „Credit Suisse“ Тиџeн Тиам има добиено значително повисоко плата за 2016-та година, отколку пред една година. Фиксната плата и бонусите собрани изнесуваат 11,9 милиони франци, станува јасно од објавениот извештај за платите во банката.

Во 2015-та година само за половина година на чело на втората по големина швајцарска банка Тиам добил 4,6 милиони швајцарски франци.

За минатата 2016-та година износот на бонусите за сите вработени се зголемува до 3,1 милијарди франци (2,9 милијарди франци една година порано).

Освен тоа „Credit Suisse“ успева да надмине уште еден спор во врска со нечистите трансакции поврзани со американскиот хипотекарен пазар. За таа цел Банката издвои нови 300 милиони франци. Како последица од тоа загубата за 2016-та година веќе изнесува 2,7 милијарди франци (околу 2,5 милијарди евра) – малку повеќе, отколку при претставувањето на прелиминарните резултати во средината на февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП