26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИсторија: Девин Букер на 20 години броеше до 70 во НБА

Историја: Девин Букер на 20 години броеше до 70 во НБА

Бекот на Феникс Санс, Девин Букер, изминатата ноќ го запиша своето име во историјата на НБА лигата, откако во Бостон постигна 70 поени.

Бостон го совлада Феникс со 130:120, а натпреварот поради остварувањето на Девин Букер влезе во аналите на најсилната кошаркарска лига во светот.

Букер мечот го заврши со неверојатни 70 поени, стана шестиот играч во историјата кој на еден натпревар постигнал 70 и повеќе поени. Букер е најмладиот играч во НБА кој стигнал до ваков ефект.

Бекот на Феникс од поле шутираше со преку 50 отсто успешност (21/40), а погоди 24 од 26-те слободни фрлања.

Изминатата ноќ блесна и неговиот врсник од Денвер Нагетс, српскиот центар Никола Јокиќ, кој го предводеше тимот до гостинската победа над Индијана 125:117. Јокиќ натпреварот го заврши со 30 поени, 17 скокови и 5 асистенции.

Во Чикаго, Филаделфија ги победи Булси 117:107 благодарение на хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ кој имаше учинок од 32 поени и 10 скокови.

Личен рекорд израмни еден од најдобрите играчи во лигата, Џејмс Харден. Популарниот Брада против Њу Орлеанс оствари 17 асистенции со што го израмни личниот рекорд, а во статистиката запиша и 38 поени. Хјустон славеше над Њу Орлеанс 117:107.

Најдобриот тим во лигата Голден Стејт победи во дуелот со Сакраменто 114:100. Стеф Кари беше предводник во победата со 27 поени, 12 асистенции и 6 украдени топки.

Од друга страна Леброн Џејмс со 32 поени и 11 скокови не дозволи Кливленд да биде изненаден во Шарлот. Актуелниот шампион победи 112:105.

На остатнатите натпревари Орландо го победи Детроит 115:87, Вашингтон славеше над Бруклин 129:108, Милвоки ја порази Атланта 100:97, а ЛА Лејкерси по продолжението ја совладаа Минесота 130:119.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП