26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕфес го совлада Фенербахче и се пласираше во Топ 8 (видео)

Ефес го совлада Фенербахче и се пласираше во Топ 8 (видео)

Анадолу Ефес се пласира во Топ 8, во кошаркарската Евролига, откако во 24.коло, во градското дерби го победи Фенербахче 80:77. Покрај Ефес победи во воведните натпревари од оваа рунда забележаа Панатинаикос, Жалгирис и Бабмберг.

Ефес успеа да славi во дуелот со Фенербахче, откако водеше во текот на целиот натпревар, а во еден момент во третиот период кошаркарите на Велимир Перасовиќ имаа предност и од 17 поени.

Фенербахче во финишот успеа да се доближи на само два поени негатива, но немаше сили за целосен пресврт.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ на овој меч одигра нешто помалку од 16 минути, не успеа да постигне поени, а во статистиката запиша четири скока и по една асистенција и украдена топка.

Антиќ беше во центарот на вниманието кога во еден дуел го нокаутира соиграчот Никола Калиниќ.

Данстон и Гренчер со 14, односно 13 поени беа најефикасни кај победникот, додека Фенербахче го предводеа Богдановиќ и Диксон со по 16 поени.

На другите натпревари Панатинаикос победи во Виторија кај Басконија 72:63, Жалгирис во Тел Авив го декласира Макаби 93:77, а Бамберг победи во Милано 84:76.

Колото в петок ќе биде комплетирано со натпреварите УНИКС-ЦСКА Москва (17 ч.), Дарушафака-Галатасарај (18:15 ч.), Олимпијакос-Реал Мадрид (20 ч.) и Барселона-Црвена звезда (20:45 ч.).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП