27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 6s е најпродаваниот смартфон за минатата година

iPhone 6s е најпродаваниот смартфон за минатата година

Истражувачката куќа „IHS Markit“ ја следи испораката на мобилни телефони во светот и си собира податоци за повеќе од 350 најпродавани модели. Според најновите податоци за минатата година, објавија некои основни информации за состојбата на овој пазар.

Податоците покажуваат дека најмногу испораки во 2016-та забележал моделот „iPhone 6s“, додека гледајќи само во последниот квартал водството го превзема „iPhone 7“. На ранг листата меѓу првите 10 модели се најде и „iPhone 6s Plus“. Испораките на „победничкиот“ модел за 2016-та година се проценети на околу 60 милиони примероци.

Иако „Apple“ има водечки смартфон во испораките, во првите 10 модели има дури 5 кои се на „Samsung“. Моделите „Galaxy S7“ и „S7 Edge“ беа нивните најголеми очекувања (со повеќе продадени 10 милиони примероци во однос на линијата „S6“), додека останатите три уреди се од серијата „J“ („J3“, „J5“ и „J7“).

Глобално третиот најголем производител на мобилни телефони, „Huawei“, чудно немаше ниту еден уред во првите 10, но на табелата успеа да се искачи кинескиот „OPPO“ со еден уред, моделот „A53“ кој го зазема седмото место. „OPPO“ исто така како производител го зазема четвртото место на листата како најголем производител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП