1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон и Фетел си делат комплименти пред стартот на сезоната

Хамилтон и Фетел си делат комплименти пред стартот на сезоната

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, оценил дека Ферари е фаворит за титулата во новата сезона во Формула 1, која ќе започне в недела со трката за Големата награда на Австралија.

Мерцедес, тим за кој вози Хамилтон, од 2014 година освои три титули кај возачите и конструкторите, но со промената на правилата од оваа сезона, на тестирањата во пресрет на новата сезона, најдобри резултати остваруваше Ферари.

„Ферари во моментов е најбрз, дефинитивно е фаворит. Брзината им беше одлична на тестирањата“, изјавил Хамилтон во Мелбурн.

Тестирањата можат, но и не мораат да ги одредат работите кога ќе започнат трките, но она што тие го покажаа е дека Мерцедес и Ферари се чекор пред конкуренцијата.

„Јасно е кој е фаворит. Даваме се од себе за да ги стигнеме“, му одговорил Себастијан Фетел на Хамилтон.

Ферари изминатите години беше добар на претсезонските тестирања, но тоа во најголем дел не го презентираше на трките. Поради тоа стручњаците сметаат дека во италијанскиот тим ги бираат изјавите кои ги даваат пред почетокот на сезоната, иако е очигледно дека се блиску до Мерцедес.

„Мерцедес беше многу силен во последните три сезони. Без оглед на тоа што имаше измени во прописите и правилата, доколку тимот бил силен, ќе биде силен и во годината кога се случуваат промените“, дополнил Фетел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП