26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПлаќањата и облачните услуги го охрабрија профитот на Tencent

Плаќањата и облачните услуги го охрабрија профитот на Tencent

Најголемата компанија за социјални мрежи и забава во Кина – „Tencent Holdings“, забележа 47% раст на профитот за кварталот, потпомогнат од силниот раст на новите извори на приходи, како плаќањата и облачните услуги, пренесува „Ројтерс“.

Нето добивката за трите месеци до декември достигна 10,53 милијарди јуани (1.53 милијарди долари), во споредба со 11,75 милијарди јуани, што беше просечната оценка на шестмина аналитичари анкетирани од „Thomson Reuters“.

Добивката за целата година достигна 41,1 милијарди јуани, што е за 43% нагоре, додека приходите пораснаа за 48% до 151,94 милијарди јуани.

„Tentent“ изјави дека растот на приходите од плаќањата и облачните услуги довеле до 263% раст на приходите од бизнисот, кој е надвор од линијата на услуги со додадена вредност и онлајн рекламата – нејзините два најголеми бизнис сегменти, кои достигнаа 17,2 милијарди јуани.

„Tencent“, која традиционално го добива поголемиот дел од своите приходи од игри, се натпреварува со „Alibaba Group Holdings Group“, која пак има водечка позиција на пазарот на мобилни плаќања и облачни услуги. Истовремено апликацијата на „Tencent WeChat“ ужива се поголема популарност.

„WeChat“ имала 889,3 милиони активни корисници месечно кон крајот на 2016-та година, додека приходите за облачните услуги пораснале повеќе од три пати, објави компанијата. Но бруто маргината од плаќањата и облачните услуги се очекува да останат ниски во блиска иднина.

Приходите од услуги со додадена вредност, како игри за смартфони и компјутери, се зголеми за 34% до 107,8 милијарди јуани.

Онлајн рекламирањето ужива 54% скок на приходите до 26,97 милијарди јуани.

„Tencent“, рече дека планира да додаде повеќе услуги во нивните социјални мрежи во оваа година, да се зголеми популарноста на игрите за смартфони и да го прошири своето портфолио на игри за персонални компјутери.

„Tencent“ објави дивиденда од 0,61 хонконгски долари по акција, што е над 0,47 долари дивиденда по акција од пред една година.

Акциите на компанијата регистрирале околу 19% раст на цената во Хонг Конг во оваа година, а во средата достигнаа рекорден врв од 225,2 хонконгски долари (29 долари) за готово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП