26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG со сопствен мобилeн платeн систем

LG со сопствен мобилeн платeн систем

Јужнокорејската компанија „LG Electronics“ создава сопствен мобилен платен систем, која ќе биде пуштена во употреба под името „LG Pay“. Во овој проект технолошкиот гигант ќе соработува со американската компанија „Dynamics“.

За проектот на компанијата објави јужнокорејската агенција „Yonhap“.

Во согласност со договорот „LG“ ќе ја користи магнетната технологија развиена од „Dynamics“. Платниот систем е предвидено да биде пуштен на пазарот во јуни 2017-та година.

Технологијата им овозможува на корисниците да плаќаат за купувања, со доближувањето мобилниот уред до терминал за банкарски картички. На територијата на Јужна Кореја таква технологија веќе е факт – „Samsung Pay“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП