26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda подготвува 3 нови кросовери

Skoda подготвува 3 нови кросовери

Компанијата „Skoda“ подготвува сериозен удар на конкурентите, откако ќе пушти на пазарот уште 3 нови „SUV“-модели, стана јасно за време на презентација за кинеските дилери на марката.

Заедно со новиот „Kodiaq“ на кинескиот пазар ќе пристигне и неговата верзија „крос-купе“, која е во стилот на „BMW X4“. Другите две нови возила засега се кријат под ознаките „Model Q“ и „Model K“.

За првиот се претпоставува дека ќе претставува новата генерација на „Skoda Yeti“, а за тоа ќе ги користи агрегатите на „VW Tiguan“ и „Seat Ateca“. Што се однесува до „Model K“ – тој ќе биде копактен, целта му е се спротивстави на конкуренти како „Hyundai Creta“ и „Ford EcoSport“. За да се постигне евтина цена, овој „SUV“ ќе ја користи платформата на првата генерација на „Yeti“.

Се уште не е јасно дали малиот кросовер ќе се нуди и на други пазари, освен кинескиот. Според експертите, е сосема можно Чесите да подготвуваат и модификација, наменета за Европа, но за неа ќе треба да се користи различна шасија. Најверојатно тоа ќе биде „MQB-A0“, на која ќе биде изграден идниот компактен кросовер на „Volkswagen“ – „T-Roc“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП