26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранцуската градежна компанија Vinci нема да го гради ѕидот на Трамп

Француската градежна компанија Vinci нема да го гради ѕидот на Трамп

Француската градежна компанија Vinci нема да учествува во изградба на ѕидот по должина на границата меѓу САД и Мексико, што го најави претседателот на САД Доналд Трамп, потврди во вторник извршниот директор на компанијата.

„Морам да сметам на реалноста во мојата компанија, на нашата култура, како работиме и кои се нашите чувства, не само на моите американски колеги, туку на работниците во целиот свет“, рече Хавиер Илард, за телевизијата BFM Business. „Поради овие причини, а тоа не значи осуда за САД; ние преферираме да не го допреме тој ѕид“.

Бариерата која Трамп ја вети дека ќе ја дигне на границата меѓу САД и Мексико, е проект вреден десетици милијарди долари, е во центарот на дипломатската криза меѓу Мексико Сити и Вашингтон, и предизвикува критика во целит свет.

„Ако решиме да правиме нешто што ќе го навреди мнозинството наши вработени, тогаш попаметно е да го избегнуваме тоа“, додава Илард.

Vinci е една од последните компании кои одбива да учествува во милијарди вредниот проект кој значи огромна заработка за набавувачите и градежниците.

Извршниот директор на конкурентната компанија на Vinci, компанијата Bouygues, минатиот месец рече дека дека не се заинтересирани за проектот, при што истакна дека тоа ќе биде метална конструкција за што тие не се доволно стручни.

Но, од друга страна француско-швајцарската група LafargeHolcim е подготвена да го продаде својот цемент за изградба на контроверзниот ѕид, рече шефот на оваа компанија во интервју порано овој месец.

„Ние ги снабдуваме нашите потрошувачи“, рече Ерик Олсен за AFP. „Немаме политички поглед на работите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП