27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMagnit не ги купува маркетите на хрватскиот Агрокор

Magnit не ги купува маркетите на хрватскиот Агрокор

Најголемиот руски трговец Magnit го негира пишувањето на словенечкиот економски дневник Finance дека тој ќе го купи трговскиот синџир Агрокор, пишува во понеделникот Ројтерс.

Весникот, без да го именува изворот, објави дека Magnit ќе може да ги купи маркетите, коишто му припаѓаат на презадолжениот хрватски Агрокор, чиј синџир на продавници се протега во три држави.

Во негова сопственост се малопродажните синџир во Словенија – Меркатор, хрватски Конзума, како и српскиот Идеа.

Сепак, набргу по објавувањето на оваа информација од Magnit беше демантиран, додека Агрокор не сака да ја коментара информацијата.

Агрокор е најголемата приватна компанија во Хрватска, но, исто така, најголемиот производител и продавач на храна на Балканот, кој се соочува со притисок од инвеститорите и од Владата во Загреб за да се справи со проблемите предизвикани од презадолженоста.

Викендов, од Агрокор изјавија дека работат на нов бизнис модел, со цел да се заштитат вработените, добавувачите и другите партнери.

Иднината на Агрокор групацијата е тешка. Тоа се должи на презадолженоста и поради тоа се очекува да се одржат повеќе состаноци, по што во вторник ќе се објави планот за реструктуирање на една од најголемите компании во Југоисточна Европа, информираат хрватските медиуми.

Вечерњи лист вели дека сопственикот на Агрокор, Ивица Тодориќ имал разговари за планот за реконструкција со претставници на руската Сбербанк, како и со засегнатите добавувачи.

Во вторник, според загребските весници, ќе се остварат клучните средби со финансиските кредитори, со цел да се организира (меѓубанкарски) заем кој ќе биде доволен за да се реши проблемот на неликвидноста.

Загребскиот весник „Дневник„ вели дека разговорите за иднината на Агрокор се однесуваат на сопственичката структура, како и на начинот за решавање на акумулираните долгови во износ од најмалку 45 милијарди куни (околу шест милијарди евра).

Повеќето од нив доспеваат за наплата на почетокот на 2020 година. Но, за помалку од три години, Ивица Тодориќ ќе треба да отплати 1,5 милијарди евра. Со ова, целиот годишен приход на концернот би се потрошил само за исплата на каматите на доверителите, што секако е јасно е дека Агрокор не може да собере толкаво количество на кеш-пари, проценуваат аналитичарите за весникот.

Најголемата поединечна сума во Агрокор ја има инвестирано руската Сбербанк, која поседува 52 проценти од вкупниот долг, а 87 отсто од долгот на Тодоривиќ е насочен кон банките.

Затоа, според анализата, оваа банка сака да ја презеде улогата на лидер во преговорите со сопственикот на Агрокор, од кого бараат да ја преземат раководната позиција во планот за реструктуирање на фирмата.

Вечерњи лист пишува дека Сбербанк сака свои луѓе во администрацијата на компанијата и при тоа да ја презеде контролата врз финансиското преструктуирање.

Тие се подготвени да инвестираат повеќе пари преку синдициран кредит заедно со големите домашни банки, но само во случај ако Тодориќ им го предаде процесот на управување во компанијата.

Јутарњи лист пишува дека некои од најголемите снабдувачи на Агрокор, кои од фирмата побаруваат 16 милијарди куни (2,2 милијарди евра), се собираат за да се договорат за заедничка позиција во решавањето на кризата и враќањето на нивните вложени средства. Добавувачите ,исти така, планираат да имаат средба со министерот за економија Мартин Далиќ.

Тие ги критикуваат државните институции дека не прават ништо за решавање на кризата во Агрокор. Од нив бараат да ги штитат интересите на домашните компании.

Сепак, Владата продолжува да го повторува ставот дека ја следат ситуацијата во компанијата, посочува весникот.

Според медиумите, Агрокор викендов навел дека неговата стабилност не е доведена во прашање и дека управата на компанијата, заедно со клучните инвеститори, работат на репозиционирањето во новиот бизнис модел. При тоа се земаат во предвид пред се положбата на вработените и нивните работни места, како и односните со добавувачите и партнерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП