2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоглед кон иднината: Peugeot Instinct Concept (фото+видео)

Поглед кон иднината: Peugeot Instinct Concept (фото+видео)

„Peugeot“ на женевскиот саем на автомобил немаше премиера на нови модели, но претстави интересен футуристички концепт на спортски четворосед со хибриден погон и технологија за автономно возење.

„Peugeot Instinct“ e патничко возило за превоз на четири лица, но и автомобил со спортски карактеристики.

Исто така, тоа е возило со се популарниот хибриден погон, а воедно и самоуправувачки автомобил.

Овој концепт е користи „Plug-in“ хибриден систем со вкупна комбинирана моќ од 300 ks.

Производителите на автомобил се повеќе се фокусираат на проврзување на возилата со мобилните електронски уреди. „Peugeot“ во својот концепт се потпира на т.н. „Интернет работи“.

Идеата е автомобилот да биде поврзан со разни електронски уреди на сопственикот, од кој добива сознанија за навиките и животниот стил на возачот, и практично учи за својот „газада“, со цел постепено да се прилагодува на подесување на автомобилот кон барањата и потребите на сопственикот.

На тој начин, автомобилот би го дочекало возачот со подесувања „скроени“ спрема него, вклучувајќи го сетингот на амбиенално осветлување во кабината, аудио системот, начинот на возење, интерфејсот на мултимедијалниот систем и слично.

„Instinct Concept“ нуди и технологија за самоуправувачки автомобил, кој треба да го замени возачот од управувачот и да му олесни на сопственикот при управувањето на возилото кога тој е заморен или зафатен со нешто друго.

Исто така, навигацискиот уред е поврзан со електронски планер на возачот и врз основа на однапред закажаните оврски автоматски да ја внесува секоја следна локација и по треба да го вклучува, самоуправувачкиот режим, па така сопственикот може да ги објави телефонските разговори или да се подготви за состанок додека компјутеро ја превзема функцијата на возачот.

Кога сопственикот ќе посака, потворно може да го превземе управувачот, но наместо класичниот волан, тука е футуристички управувач кој се извлекува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП