26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку грешки поради кои можете да ги изгубите вашите клиенти

Неколку грешки поради кои можете да ги изгубите вашите клиенти

image592

Искрено, не постои оправдување за грешките кон клиентите. Ако сакате да успеете во бизнисот, треба да ги избегнувате. Сите компании на одреден степен од постоењето се соочиле со „кошмарни клиенти“, па дури и оние најуспешните од кои и се очекува многу повеќе.

Но она на кое треба да се забележи е фактот дека малите компании прават грешки кои немаат никаква врска со нивниот основен (главен) производ или услуга. На денешницава, потрошувачите имаат скоро неограничен избор. Ако мислите дека може да се извлечете со просечна корисничка поддршка, логистика или некоја друга функција која влијае на корисничкото искуство со вашиот бренд, размислете повторно.

Ова се петте најчести грешки кои секој бизнис треба да ги избегнува:

Ненавремена испорака – со сите моментални логистички услуги кои ги пружаат компании во нашата деловна средина, едноставно немате оправдување за ненавремена испорака на производи до клиенти. Но и покрај тоа, пак се случува. Или погрешни информации, или погрешен производ, или погрешен термин, или погрешно се.

Трошење на скапоценото време на клиентите – колку време поминувате на телефон или онлајн за да откриете што сте направиле погрешно и како да го средите тоа? И ви се чини дека не можете да добиете конкретен одговор или пак не ви се “заканил“ некој клиент дека ќе се префрли на конкуренцијата. Не ги „тормозете“ клиентите, едноставно услужете ги колку што можете најдобро.

Создавање проблеми кога нема потреба – да бидеме јасни, не сите потрошувачи се посакувани. Бидејќи постојат вработени кои имаат многу кратко трпение, истите не можат да се справат со генералната публика и со секакви клиенти. Сепак, компаниите можат многу подобро од тоа да вработуваат такви луѓе.

Игнорирање фидбек – во ера на социјални медиуми како Twitter, Facebook, ни под точка разно не смеете да си дозволите некој клиент да ве обвини дека не сте му вратиле на e-mail, коментар, прашање и сл.

Вработени – најважно нешто за квалитетни обуки на вработени е дека 90% од сите проблеми се проблеми во менаџментот. Ако ништо друго, таа бројка се зголемува. Најмногу од проблемите кои им ги препишуваме на потрошувачите всушност се предизвикани од лош менаџмент и грешки во бизнис процесите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП