27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТоа ли е иднината на Peugeot? (фото+видео)

Тоа ли е иднината на Peugeot? (фото+видео)

pins 00

Несподерно пред премиерата, Peugeot го покажа новиот концепт на брендот – „Instinct“, кој ќе дебитира за малку повеќе од една недела на саемот во Женева.

pins 01

Според првите фотографии „Instinct“ е во редот, барем по формата, меѓу ретките модерни автомобили од типот „Ѕhooting brake“. Претпоставките се дека „Instinct“ го покажува дизајнерскиот јазик на „Peugeot“ за блиска иднина, што е лесно да се предвиди дека ќе има промена во насока кон повеќе агресија и зајакнување на спортското емитување.

pins 02

Секако, дел од особеностите на концептот нема да стигнат до сериско производство – „Instinct“ е исклучително широк, особено што се однесува до задниот дел на возилото, но тешко дека ќе има изненадувања во врска со положбата на моторот. Се уште нема информации за техничките податоци на „Instinct“, но со оглед дека сите последни концептуални модели на „Peugeot“ беа хибриди, не треба да очекуваме поинакво решение.

pins 04

Во некој од наредните денови „Instinct“ ќе дебитира официјално, а светската премиера во живо ќе е во Женева, а отсега е тешко да се предвиди дали концептот ќе добие сериска верзија.

pins 05

Од „Peugeot“ веќе изјавија дека моделот „RCZ“ нема да има наследник, па шансите да видиме француски ривал на „VW Scirocco“ не се особено големи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП