26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСпојувањето на Deutsche Börse и LSE e пред неуспех

Спојувањето на Deutsche Börse и LSE e пред неуспех

berz 003

Планираното спојување на „Deutsche Börse“ и „London Stock Exchange“ (LSE) најверојатно ќе пропадне, пренесува „Ројтерс“.

Во неделата вечерта „LSE“ објави дека Европската комисија инсистира на продажба на нови делови од бизнисот, за да даде зелено светло за проценетата зделка од 25 милијарди евра зделка. Компанијата сепак не била подготвена на такви отстапки. „Врз основа на сегашната позиција на комисијата „LSE“ очекува ЕК да не го одобри спојувањето“.

На овој начин ќе пропадне и петтиот обид за спојување на двете компании. Два пати заедничките разговори беа прекинати, уште пред да станат јавно добро.

Според некои извори „Deutsche Börse“ била изненадена од одлуката на Британците. „По се изгледа дека трансакцијата пропаѓа“, вели за агенцијата запознаен извор.

Пред една година по материјал на „Ројтерс“, двете компании потврдија дека преговараат за спојување. Тие сакаа да создадат европски гигант, кој ќе може да се натпреварува со поголемите американски оператори „CME“ и „ICE“.

Во Германија сепак од самиот почеток имаше критики, бидејќи седиштето на холдинг компанијата требаше да биде во Лондон. По гласањето за „Brexit“ отпорот дури се зголеми. Хесен бараше седиштето да се префрли во Франкфурт.

Не сите аргументи сепак се во контра на трансакцијата. Според претседателот на надзорниот одбор на германската берза Јоаким Фабер одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ треба да е мотив за затегнувањето на односите меѓу двете земји. Тој дури состави шест члена комитет кој работеше по изгледа на проблемите предизвикани од референдумот. Акционерите на „LSE“ и „Deutsche Boerse“ веќе ја одобрија самата трансакција.

Веста за вето од страна на Брисел е изненадувачка за многумина. Уште пред некое време „LSE“ понуди во случај на спојување да ја продаде „Clearnet SA“ за 510 милиони евра на берзата со седиште во Париз, „Euronext“.

ЕК дава јасно до знеање дека стравува од можната доминацијата на обединетата берза при решавањето на трансакции со деривати (расчистување) во Европа. „LSE“ и „Deutsche Börse“ се надеваат за возврат продажбата на „Clearnet“ да е доволна за да ги ублажи стравувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП