26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на British Airways забележа раст на профитот од речиси 9%

Сопственикот на British Airways забележа раст на профитот од речиси 9%

britka30

Сопственикот на „British Airways“ – „IAG“, изјави дека ќе оствари откуп за 500 милиони евра, откако забележа повисока годишна добивка, поддржана од намалувањето на трошоците и пониските цени на горивата, соопштува „Ројтерс“.

Најголемата европска авиокомпанија, изјави дека годишниот оперативен профит се зголемил за 8,6% до 2,5 милијарди евра во согласност со очекувањата. Акциите на компанијата поскапеа за 2% по веста. „IAG“ изјави дека очекува исто толку висока добивка во оваа година.

Трансатлантскиот бизнис на „British Airways“, базиран на аеродромот Хитроу во Лондон, се справил подобро во споредба со високо конкурентниот нискобуџетен пазар во Европа. Хитроу во петокот објави рекордни податоци за патниците во 2016-та година.

Главниот извршен директор Вили Волш остана оптимист по веста дека „Norwegian Air“ ќе нуди трансатлантски летови во 10 нови правци со цените на билетите, почнувајќи од 65 долари.

„Секогаш сум велел дека ќе се натпреваруваме со „Norwegian“. Разликата помеѓу „Norwegian“ и нас е дека ние сме профитабилни. Цените кои се споменуваат очигледно се создадени за да се одразат на водечките наслови на медиумите. Тие не се отпорни“, рече тој.

Волш вели дека за целата „IAG“ очекува раст на капацитетот од 2,5% во 2017-та година, со предвидувања дека ирската авиокомпанија „Aer Lingus“ ќе расте побрзо од „British Airways“.

За 2016-та година оперативната добивка пред еднократните ефекти се зголеми, иако приходите се намалени за 1,3% до 22,57 милијарди евра.

Компанијата заработила од пониските цени на горивата и економиите.

„IAG“ сепак беше погодена од негативните монетарни влијанија со 460 милиони евра по падот на британската фунта како резултат на британското гласање за излез на Европската унија од 23-ти јуни.

„„IAG“ предвиде стабилна добивка во согласност со очекувањата за четврто тримесечје и годината и покрај тешката средина за профитабилноста и монетарни ветрови“, велат аналитичарите од „Cantor Fitzgerald“ во коментар.

Аналитичарите очекуваат „IAG“, која е сопственик и на шпанската „Iberia“, да постигне добивка од 2,5 милијарди евра во 2017-та година, покажуваат податоците на „Thomson Reuters“.

„IAG“ изјави дека планира програма за откуп за 500 милиони долари оваа година и објави финална дивиденда од 12,5 евра по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП