27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing му пркоси на Трамп, отвора фабрика во Британија

Boeing му пркоси на Трамп, отвора фабрика во Британија

200183789358b040f22fd0c311299400_w640

Американската компанија „Boeing“ одлучи во Британија да ја отвори својата прва европска фабрика, соопшти американскиот производител на авиони.

Фабриката, чија изградба ќе чини 20 милиони фунти (23 милиони евра) ќе вработи 30 лица и ќе биде сместена во Шефилд, на северниот дел од Англија, пренесува агенцијата Франс прес.

Ангажирањето на работници, како што е соопштено, ќе започне од наредната година, а од фабриката ќе се испорачуваат делови за крила за тесно-трупниот патнички авион „737“ и широко-трупниот „777“.

„Нашата одлука да започнеме со производство на компоненти со висока вредност во Обединетото Кралство е пресврт во нашиот ангажман и нов пример за посветеноста на „Boeing“ на растот во Британија, со што го подржуваме долгорочниот просперитет на земјата“, се наведува во соопштението на претседателот на компанијата „Boeing“, Мајкл Артур.

Најновото соопштение доаѓа откако американскиот претседател Донлад Трамп неодамна ги предупреди американските компнии да не ги селат производствата во странство, бидејќи при увозот во САД би можеле да се соочат со високи даноци, потсетува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП