27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUnilever не се дава, ништо од мегаспојувањето

Unilever не се дава, ништо од мегаспојувањето

Heinz-Kraft-Unilever-768775

Американската прехрамбена компанија „Kraft Heinz“ соопшти дека доставила понуда до холандската корпорација „Unilever“ за спојување, но дека е одбиена.

И покрај тоа, „Kraft Heinz“ ќе продолжи да работи на постигнување на договор, се наведува во сооштението на компанијата доставено до Лондонската берзанска група (LSE), а пренесува агенцијата Франс прес.

После тоа соопштение, акциите на двете компании значително пораснаа, наведува агенцијата АП, додавајќи дека нивното спојување би резултирало со формирање на водечка компанија во светот во областа на стоките за широка потрошувачка.

Компанијата „Kraft Heinz“ е петти најголем производител на храна и пијалоци во светот и трет најголем во Северна Америка, а оваа недела пријави 6,86 милијарди долари приходи од продажбата за четвртиот квартал завршен на 31 декември.

„Unilever“ минатата година имаше приходи од 52,7 милијарди евра, а во своја сопственост поседува повеќе од 400 брендови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП